E² Young Engineers e меѓу неколкуте избрани компании во светот кои инвестираат во истражување и развој на образованието и нудат теоретско и практично знаење од областа на науката, технологијата, инженерството и математика (STEM) со помош на LEGO® коцки. Преку специјално дизајнираните комплети на LEGO® коцки од страна на развојниот тим на компанијата, тие нудат програми во кои ги поврзуваат математичките принципи со конструкција на над 200 модели и покажуваат различни закони на физиката.
На натпреварот Претприемач на годината за 2011 година на Youth Business International (YBI), во организација на неговото кралско височество, принцот Чарлс, програмите на e²Young Engineers ја имаат освоено првата награда а во 2013 година iCarneige на Универзитетот „Карнеги Мелон“ одлучи да го пласира единствениот модел за образование и забава на e²Young Engineers, на националните министерства за образование насекаде низ светот.
Нивните наградувани едукативни програми кои се стекнаа со светска препознатливост, потврдено ги подобруваат постигнувањата на децата и статистички е докажано дека учениците што учествуваат во нашите програми за збогатување на знаењето e²Young Engineers, добиваат повисоки оценки по сите предмети од областа на науката што се предаваат во училиштата.
Програмите се наменети за деца на возраст од 6 години па нагоре, се користат во повеќе од 30 земји во светот и веќе се достапни и кај нас.
Нивниот слоган говори за иднината: “Build Your Tomorrow! Today! или „изградете ја иднината денес“ а преку вклучување кон нивните интернационални програми инвестираат во знаењето на нашите деца кои понатаму развиваат свест и допринесуваат кон промени кои со тек на време ќе го направат светот подобро место за живеење.
Родители, дојдете да се запознаеме и дозволете им на Вашите деца да учат додека се забавуваат. Бидете дел од оваа супер забавна и едукативна работилница која ќе се одржи оваа сабота (06.05) со почеток во 12:00 часот на бината во нашиот трговски центар
