По традиција како и изминатата година најголемиот семеен забавен центар Капитол Плеј и оваа година е организатор на детска недела во соработка на Просветно дело.
Проектот ,,ДЕТЕ СУМ, ИМАМ ПРАВА, САКАМ ДА ЖИВЕАМ ВО СРЕДИНА ЗДРАВА,, е проект наменет да се реализира по повод детската недела 05.10.2015- 09.10.2015г. на кој учениците со своите наставници би учествувале преку групна посета на едукативна работилница на тема Детски права и здрава животна средина, и тоа за децата до 10 годишна возраст едукативната работилница ќе се одржи во едукативниот центар на Кидс Парк, додека децата над 10 годишна возраст ќе имаат прилика да учествуваат на едукативна работилница во кугланата 4Bowling.
Реализатор: Кидс Парк и 4Bowling во соработка со Просветно дело
Содржина: Детски права (Конвенција за детски права)
Времетраење: 90 минути
Цел на едукативната работилница:
- запознавање со детските права и обврски
- поттикнување и развивање на хуманоста кај детето
- користење на нетоксични ликовни материјали, произведени на соларна енергија со кои децата ќе креираат и ќе се забавуваат, но и ќе инвестираат во здрава животна средина
- подигнување на свеста кај родителите и учениците за важноста на користење на еколошки производи.
- Користење на детското право на игра во една опуштена и креативна средина
- Запознавање со куглањето како спортска дисциплина, теоретски и практичен дел
- Запознавање со куглањето како рекреативен и тренинг спорт
- Развивање на самодоверба и напреварувачки дух, формирање на карктер
- Потикнување на желбата за спорт и спортски успеси како еден од ефективните заштити од бројните пороци и штетните влијанија на современото, динамично општество.
Секое одделение и одделенски наставник ќе добие благодарница за учество на едукативната работилница и детската недела.
Нашата мисија е секогаш СО и ЗА децата!
Им благодариме на сите училишта кои досега беа дел нашата мисија, и овој пат се надеваме на успешна реализација и многу едукација и забава.
Информации и пријавување на телефон: 071 305 976



