Balea Soft & Clear колекцијата е наменета за проблематична кожа на лицето, која активно делува против нечистотии, акни и митесери. Погледнете ги производите кои Ви ги нуди оваа колекција во продолжение и тргнете во борба против проблематичното лице!
Со салицилна киселина,активен јаглен и цинк, длабински ги чисти порите, ја чисти кожата, ја матира кожата. Три ефикасни примени за видливо подобрување на здравјето на лицето. Со црн активен јаглен кој ефективно делува против нечистотиите, темелно ја измазнува кожата и делува против митесерите.
Употреба:
1. Чистење – наутро и навечер нанесете на лице, врат и деколте на мокра кожа и темелно исплакнете. Избегнувајте контакт со очи.
2. Пилинг – секојдневно нанесувајте на лицето и нежно измасирајте, а потоа темелно исплакнете. Избегнувајте контакт со очи.
3. Маска – 2-3 пати неделно нанесете на исчистено лице. Оставете да делува 3-5минути и потоа темелно исплакнете.
За сите типови на кожа!

Balea Soft&Clear маска за лице за проблеми со нечиста кожа!
– со салицилна киселина;
– лековита кал;
– цинк.
Маската со салицилна киселина, природна лековита кал и цинк помага при акни и митесери. Специјалната формула со одлепување на исушената маска, помага да се отстранат масните наслаги од кожата, без притоа да ја исуши истата, а има и матирачко дејство.
Balea Soft&Clear црна маска за лице за проблеми со нечиста кожа!
Маската со салицилна киселина, активен јаглен и цинк помага при акни и митесери. Нечистотиите и непотребните масни наслаги на кожата ќе бидат веднаш отстранети. Редовна употреба на маската доведува до сјаен и мазен тен на лицето, темелно чиста кожа, како и намалување на појава на нови акни и нечистотии.
За свилено мека и нежна кожа на лицето.
– за чист и сјаен тен при редовна употреба
– спречува настанување на нови акни и нечистотии
– длабинско чистење на кожата




