Сезоната на патувања започна, а најважно ни е патувањата да се безбедни. Со вас се и децата, во автомобил и на пат. Па пред да тргнете, погрижете се да им обезбедите сигурен и комфорен превоз до саканата дестинација.
Најновите истражувања за безбедност за најмалите при патувањата покажуваат дека седиштата за во автомобил треба да бидат завртени наназад за деца до 4-годишна возраст. А најдобрите седишта за деца за во автомобил се произведени во Германија од марката CYBEX, со најдобри оцени за безбедност ADAC, според сите европски стандарди за безбедност.
Веројатноста за сериозни повреди при сообраќајна незгода е 7 пати поголема кај децата кои не се во седиште. 83% од децата кои се во седиште се неповредени при судар (извор: German road Safety organization, information sheet #4, May 2009). Седиштата на CYBEX минуваат низ стотици тестови секоја година и во моментов ја имаат водечката позиција за безбедност на децата во автомобилот.
Побарајте ги во продавницата на Крш во нашиот трговски центар.






