
Кој е првиот добитник на Volkswagen Passat во инстант лозот „Среќни тркала“ на Државна лотарија на Македонија? Дознајте утре во 12:00 на дружење во Капитол мол!
Инстант лозот Среќни тркала во фондот на добивки нуди 7 (седум) автомобили VW Passat и парични добивки до 50.000,00 денари. Вкупниот фонд на добивки е 30.485.000,00 денари, а секој трет лоз е добитен. Добивката се дознава со гребење на сликата на автомобилот, под што се откриваат девет полиња во кои се прикажани бројки/суми или симболи. Лозот носи парична добивка доколку во три од деветте полиња има три исти суми. Добивка автомобил е остварена доколку во 4 ( четири) од деветте полињата се откријат симболи на тркала, по што лозот го носи името Среќни тркала.
Ова е прв член на семејството на инстант лозови што нуди висока класа на автомобил. Инстантот е подготвен врз основа на истражувањата на пазарот во контакти со играчи на игри на среќа кои за најпосакуван автомобил го посочија токму VW Passat, што се совпаѓа со прогласувањето на VW Passat за автомобил на 2015та.
Во соработка со Мотоцентар, најпрофесионалниот центар за гуми во Македонија, Државна лотарија на Македонија обезбеди подарок за секој добитник на автомобил од инстант лозот Среќни тркала. Подарокот од Мотоцентар се состои од сет зимски гуми за VW Passat, што на добивката и дава додадена вредност.
Играчите на инстант лозот Среќни тркала за 50 денари ќе имаат можност да добијат автомобил VW Passat, со сите платени давачки и подарок 4 (четири) зимски гуми.