
Нештата што ги барате доаѓаат кога најмалку ги очекувате, мотив повеќе Капитол Мол да ги почне празничните веселби на средината на месецот и да им приреди на своите лојални потрошувачи атмосфера која ќе ги мотивира, развесели и ќе им овозможи амбиент за уживање во друштво со најблиските.
Поддржувајќи ја традицијата, времето за споделување, славење и дарување, а во знакот на одбележување на својот втор роденден, Капитол Мол и оваа година креираше концепт на настани за своите потрошувачи, сет на активности, игри, подароци, претстави, награди и многу забава секој викенд.
Почнувајќи од овој петок, 11 декември од 18 часот посетителите ќе имаат можност да присуствуваат на уникатна модна ревија. Во сабота од 12.30 часот децата заедно со своите родители ќе уживаат во детската театарска претстава „Роденденска честитка“. Во склоп на истата ќе има ексклузивни гости – Ангелското хорче „Херувими“ предводени од Николина Јаневска. Вечерта од 19.30 сите ќе имаат можност да ги пеат песните и да бидат дел од магијата и настапот на поп дивата Тамара Тодевска. Во недела на 13 декември од 12.30 ќе се пее и танцува заедно со ,,Поточиња” и веднаш потоа ќе ја има најслатката чоколадна работилница.
Следната сабота, на 19 декември, Капитол Мол ќе ги отвори вратите за сите што сакаат да научат нешто повеќе за Лего магијата, изработката и креирањето со фантастичната Лего работилница од 12.30 часот, а час подоцна децата ќе се забавуваат со приказните на Дедо Мраз, дружењето, фотографирањето и споделувањето на своите најголеми новогодишни желби.
Во петок, на 25 декември од 18 часот во Капитол Мол ќе гостува Театарот на сенките „Сонот на облачето“ со претставата „Нашиот штрк Силјан “, а недела 27 декември е резервирана за новогодишната претстава за деца „Желби, желби“ од 12.30 часот, со гости од центарот за музичка обука Ad Libitum.
„Веруваме дека со овие активности и избалансираната содржина за млади, деца и за возрасни во овие празници одново ќе им покаже на нашите потрошувачи дека е вложен огромен труд во надеж дека ќе изнудиме насмевка на нивните лица. Верувам дека со овие активности и целата понуда од Капитол Мол нема да си замине ниту еден незадоволен потрошувач. Ги покануваме сите посетители и потрошувачи да дојдат и да уживаат во овој автентичен амбиент, да учествуваат во работилниците, да научат повеќе и да поминат прекрасно време со своите најмили“ – изјави Даниела Адемоска, сопственичка и генерален директор на Капитол Мол.
Работилниците, претставите, настапите и сите активности се отворени за сите, а присуството и учеството е бесплатно.
Петок 11. декември
18:00 Fashion Show
Сабота 12. декември
12:30 Театарска претстава – „Роденденска честитка“
19:30 Настап на Тамара Тодевска
Недела 13. декември
12:30 Детска забава со „Поточиња“
13:30 Чоколадна работилница
Сабота 19. декември
12:30 Лего работилница
13:30 Дружење со Дедо Мраз
Петок 25. декември
18:00 Театарска претстава – „Нашиот штрк Силјан“ (Театар на сенките – „Сонот на облачето“)
Недела 27. декември
12:30 Новогодишна претстава за деца – „Желби, желби“