
Нештата што ги барате доаѓаат кога најмалку ги очекувате, мотив повеќе Капитол Мол да ги почне празничните веселби на средината на месецот и да им приреди на своите лојални потрошувачи атмосфера која ќе ги мотивира, развесели и ќе им овозможи амбиент за уживање во друштво со најблиските.
Оваа сабота, на 19 декември, Капитол Мол ќе ја посвети за најмладите почнувајќи од 11:30 со забава за “Миа и јас” со Просветно дело. Просветно дело ќе имаат промоција и на своите нови производи вклучувајќи ја и неодамна издадената Звучната азбука, како и едициите на „Миа и јас“.
12:30 ќе биде време посветено за сите што сакаат да научат нешто повеќе за Лего магијата, изработката и креирањето со фантастичната Лего работилница, а час подоцна децата ќе се забавуваат со приказните на Дедо Мраз, дружењето, фотографирањето и споделувањето на своите најголеми новогодишни желби.
Новогодишните магични приказни ги читаме заедно со Просветно дело каде ве очекуваат попусти и до 50%!
Работилниците, претставите, настапите и сите активности се отворени за сите, а присуството и учеството е бесплатно.
