Во духот на новогодишните празнувања и со желба да се биде најблиску до своите потрошувачи и нивните потреби, Капитол Мол ги остварува своите ветувања во најдобрата смисла на зборот.
Празниците се совршено време да се слави дарежливоста и добрината и да се креираат спомени кои ќе траат засекогаш и во таа смисла Капитол Мол и овие празници се погрижи да ги отслика своите заложби и да ги сподели доживувањата со своите потрошувачи, овозможувајќи им настани, работилници, игри, подароци, награди, претстави, музика и многу забава и мигови на среќа.
Празнувањето во Капитол Мол почна уште на 11 декември, како наговестување на прославата за вториот роденден со модно шоу каде беа застапени модните брендови од Капитол мол. Официјалниот на 12 декември вториот роденден беше обележан со концерт на нашата поп дива Тамара Тодевска и целодневна програма за сите посетители во текот на роденденскиот викенд.

Активностите продолжија секој нареден викенд на радост на сите посетители, а она што нè чека овој викенд за прв пат во нашиот трговски центар е гостувањето на Театарот на сенки „Сонот на облачето“ со претставата ,,Нашиот штрк Силјан” во петок, на 25 декември од 18 часот. Во продолжение по претставата ќе следи работилнциа за фигури и сенки за сите кои сакаат да научат повеќе за оваа уметност.
Оваа претстава е работена според текстот на народната приказна Силјан штркот. Во неа учиме за одговорноста, работливоста и љубовта кон своите блиски луѓе. Ќе видиме како луѓето се претвораат во штркови, па од штркови повторно стануваат луѓе. Со впечатлив колорит преку игра со сенки, ќе ја разбуиме детската имагинација.

Во сабота – 26 декември од 12:30 часот организираме работилница ,,Вредни рачиња прават украсчиња” заедно со креативците од LOTUS Design Store.

Недела 27-ми декември, е резервиран за новогодишната претстава за деца „Желби, желби“ од 12.30 часот, со гости од центарот за музичка обука Ad Libitum предводено од Николина Јаневска. На претставата гости ќе бидат и децата и преставници од СОС Детското село.
Дедо Мраз и неговите помошници ќе ни помогнат да ги спакуваме најслатките пакетчиња за децата од СОС Детско село, за кои ќе помогнеме и сите ние.
„Пресреќни сме што овие празници во Капитол Мол поминуваат токму онака како што ги замисливме. Сакавме на нашите потрошувачи да им подариме нешто што им недостига во секојдневниот, динамичен живот, квалитетно време поминато во дружење со нивните најмили. Ги покануваме сите посетители и потрошувачи да дојдат и да уживаат во овој автентичен амбиент и да ги слават празниците радувајќи се на љубовта, среќата и семејството“ – изјави Даниела Адемоска, сопственичка и генерален директор на Капитол Мол.
Работилницте, претставите и сите активности се отворени за сите, а присуството и учеството е бесплатно.
Капитол Мол. Твој мол. Твое место.
