
Нашата музичка ѕвезда Елена Ристеска ќе се дружи со фановите и истовремено ќе го потпишува и подарува нејзиниот најнов албум. Во сабота, на 26 декември Елена ќе ги израдува фановите кои тој ден ќе бидат во продавницата на Телеком во Капитол Мол од 13:00 до 14:00 часот.
За време на дружењето сите заинтересирани ќе можат одблизу да се запознаат и со услугата LOOP, која нуди одлично мултимедијално искуство и можност за споделување на фотографии и видеа во кругот на семејството. Празниците се одлична можност за споделување на нови заеднички моменти преку фотографија или видео, кои со LOOP, брзо и едноставно, ќе бидат достапни на смарт телефони, на MaxTV, на компјутер и на таблет.
