По повод доделувањето на најпрестижните статуетки во филмската индустрија Просветно Дело во нашиот трговски центар организира оскаровски викенд.
Овие петок, сабота и недела ви обезбеди 15% попуст на Марсовецот – роман на кој е базиран истоимениот филм номиниран за 7 Оскари, и 40% попуст на романот Соба на кој е базиран истоимениот филм номиниран за 4 Оскари.
Светскиот бестселер Марсовецот е остроумна, духовита и напната приказна за Марк Ватни, астронаут од мисиjата Арес, кој во еден сплет на несреќни околности останува на Марс. Посадата од неговиот брод е убедена дека Марк загинал на Црвената Планета. Но, Ватни одлучува да не се предава…
Романот Марсовецот претставува химна на човековата проникливост и е наjавтентичниот и наjвозбудлив научнофантастичен роман во последниве коjзнае колку години. Напнат од почеток до крај, без ниту зрнце неуверливост и со вистинска доза на занесеничко – научен ентузијазам. Невозможно е да се избега од впечатокот дека она што е опишано во Марсовецот би можело навистина да се случи.
“Претпоставувам дека некогаш, некој, сепак, ќе го пронајде мојот дневник. Можеби за едно сто години. Чисто, колку да се знае… не загинав на шестиот сол. Другите од посадата сигурно мислеа дека сум загинал, а и не можам да ги обвинувам за тоа. Можеби ќе прогласат ден на жалост во знак на сеќавање на мене, а на мојата страница на Википедија ќе пишува: Марк Ватни, единствениот човек кој умре на Марс.
И најверојатно, ќе имаат право затоа што сигурно ќе умрам овде. Само не на шестиот сол, како што мислат сите.
Значи, да видиме… од каде да почнам?…“
Бестселерот Марсовецот на Енди Вир беше екранизиран во истоимен долгометражен филм во режија на Ридсли Скот, а со Мет Дејмон во главната улога.

Филмот Соба е еден од најдобрите остварувања за 2015 година. Базиран е на истоимениот роман на Ема Данахју (на македонски го објави Просветно дело) и беше во најтесен избор за Букеровата награда.
Станува збор за незапирливата љубов под страшни околности и за нераскинливата врска меѓу мајката и нејзиното дете.
За петгодишниот Џек, Собата претставува целиот свет. Тука е роден, тука тој и неговата мајка јадат, спијат, си играат и учат. Тука постојат бескрајни чуда кои ја развиваат неговата фантазија. Измислен свет кој допира низ телевизирот, удобност на мајчиниот плакар во кој се крие секоја вечер, во случај да дојде стариот Ник. За мајка му тоа е вистинска темница во која престојува седум години – микро свет од девет квадратни метри.
Шокантен, возбудли и потресен роман кој никогаш нема да го заборавите.
Филмот базиран на ова книжевно ремек дело е номиниран за четири Оскари: најдобар филм, најдобра режија, најдобро адаптирано сценарио и најдобра женска улога.

