Како дел од определбата на Капитол мол да поддржува млади таленти повторно ги отвораме вратите да помогнеме, овој пат за младиот талентиран пијанист кој на 5 март ќе настапи со пијано изведби во Капитол мол.
Милан Дучевски е млад виртуоз кој со својата индивидуалност ги освојува срцата на публиката.Тој има добиено преку 7 први награди на домашни и меѓународни натпревари што е голем успех за еден пијанист кои само неполни четири години учи да свири клавир.
За да ги остварат своите цели Милан заедно со својот ментор од Пијано Форте – Маја Стојановиќ, потребни се 3.500 евра за да можат да одат на европскиот натправар во Италија 8th International Competition “Giovani Musicisti” Città Di Treviso, во април.
Милан настапува во нашиот трговски центар под капата на Добар Проект, платформа преку која можете да дадете финансиска и морална поддршка на исклучително талентираните деца во Македонија, за различни потреби како: одење на натпревар, посетување на некоја специјализирана школа, одење на часови кај врвен експерт.
На настапот своја поддршка ќе му дадат неговите другарчиња од училиштето за пијано Пијано Форте каде што вежба Милан, како и неколку ракотворци со организација на мини-базар во чест на оддбележување на денот на жената 8 март. На настанот воедно ќе се собираат средства за учество на Милан на натпревар во пијано кој ќе се оддржи во Април оваа година во Тревисо, Италија.
