Славиме 7 години! #ЕкоРоденден

Капитол мол и Пакомак здружени за почиста средина го празнуваат седмиот роденден

Цели 7 години Капитол мол претставува местото каде што потрошувачите можат да најдат се’ што им е потребно и притоа да го добијат најдоброто купувачко искуство во градот.

Капитол мол: “Оваа година роденденот ќе го одбележиме во боите на природата, здравје, чистата животна средина, а притоа ќе понудиме и неверојатни родендени попусти и изненадувања кои дополнително ќе ја стоплат роденденската и предновогодишната атмосфера.“

Роденденската недела на Капитол Мол започнува на 12, а завршува на 18 декември и во текот на овие седум дена купувачите ќе имаат можност да ги искористат големите роденденски попусти и да го завршат својот новогодишен шопинг.

Во оваа сезона на подароци, Капитол и Пакомак одлучија дека најважниот подарок сепак мора да биде резервиран за потрошувачите и околината, па затоа од 12-ти декември пред Капитол мол ќе бидат поставени контејнери за одложување на стаклен, пластичен и хартиен отпад, со цел заштита и зачувување на чистата околина.

Капитол мол и Пакомак ве повикуваат да го прославиме овој роденден во еко дух, да ѝ посветиме внимание на животната средина и да се погрижиме, амбалажниот материјал и останатиот отпад да завршaт онаму каде што треба – во соодветниот контејнер.

Сите локални граѓани, минувачи и потрошувачи се повикани да го остварат својот придонес кон здравата и чиста животна средина преку одложување на отпадот во контејнерите на Пакомак, за тој потоа да биде рециклиран. На овој начин, ќе имате директен удел кон одржувањето на здрава околина, која на пролет ќе биде разубавена и раззеленета со нови дрвја.

ЗАЕДНО СО ВАС ПРОСЛАВУВАМЕ, СЕЛЕКТИРАМЕ, РЕЦИКЛИРАМЕ, УЖИВАМЕ ВО РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТИ И СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА!

Да не ги заборавиме и изненадувањата кои што ги приредивме за сите вас – 7 предизвици за 7 години Капитол мол!

Побрзајте, искористете ги роденденските попусти и одговорете на еко-повикот на Капитол Мол и Пакомак!


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/capitolm/public_html/re/wp-includes/functions.php on line 5349