Нема подобар ден да започнеме со претставувањето на новиот бренд учесник во нашиот проект #БрендНаНеделата. Денес на БиоКулт им е роденден. Цели 5 години тие се на нашиот пазар и цели 5 години се грижат за вашата здрава исхрана. Тие се прва сертифицирана и специјализирана фирма за трговија (големо и мало) со органска храна во Македонија и цели 5 години ви нудат високо квалитетни органски производи од реномирани и водечки фирми за органска храна во светот.
Денес тие го прославуваат својот мал јубилеј, а ние за нивниот роденден ќе започнеме со нивното претставување во рамките на #БрендНаНеделата. За почеток ја имаме специјалната роденденска понуда.

За својот роденден БиоКулт ви подготвија одлични роденденски цени на голем број производи. Ние ќе ви претставиме неколку од нив, а ваше е да ги посетите и да проверите дали вашиот омилен производ е со намалена цена.
[foogallery id=”1736″]Утре продолжуваме со претставувањето на БиоКулт одблиску, а денес сите да ги посетиме во нашиот трговски центар и да им честитаме роденден.
