Ние се уште сме во роденденско расположение со БиоКулт. И денес го прославуваме нивниот 5ти роденден. По тој повод вчера ви преставивме дел од нивните роденденски акции, а денес под капата на #БрендНаНеделата ќе ве информираме за неколку факти од историјата на брендот.
Имено, БиоКУлт е подружница на Снеисис, која е прва сертифицирана и специјализирана фирма за трговија (големо и мало) со органска храна во Македонија. Нивната мисија е запознавање и доближување на македонските потрошувачи со здравиот начин на живот и исхрана, преку секојдневно советување од стручни лица од областа на здравата храна и здравиот начин на живот.
Уште од 2011та година тие се присутни да едуцираат со вистински информации за хранливите вредности на производите и за важноста на здравиот начин на живот.

За 5 години тие отворија 5 маркети во Македонија во кои главната визија е изградба на култура и знаеење за придобивките од користење на органската храна.

Во нивниот асортиман ќе пронајдете широк спектар на високо сертифицирани и квалитетни органски производи од реномирани и водечки фирми за органска храна во светот. (храна со највисок квалитет, природни додатоци во исхрана, еколошки средства за домакинство, природна козметика, макробиотска храна, вегетаријанска храна итн.)

БиоКулт се нашата огромна мотивација за зачувување на човековото здравје и здравјето на природната средина и им посакуваме уште многу родендени да ги прославиме заедно!
