Од денес започнуваме нова дружба, 13та по ред, во рамките на нашиот проект #БрендНаНеделата. На ред е најслаткиот, најнежниот и најпосакуваниот бренд за вашите малечки. Од денес започнуваме да ве запознаваме одблиску со приказната на Carter’s.
Ова е приказна за различен вид на бренд , приказна исткаена во фабрика во Америка . Cо историја датира од 1865 год. кога William Carter, ја основал компанијата позната како William Carter Company.

Во 1899 год Carter’s биле едни од првите кои шиеле етикети на секое парче облека . За многу брзо време стануваат едни од најпознатите брендови за облека во земјата.

Во 1900 год Carter’s ги претставува оригиналните бодиња , кои го прават животот удобен за бебињата и лесен за мајките.

Во 1910 год Carter’s започнал голема рекламна кампања на брендот со натпис “Разликувајте го најдоброто од останатите”

Во 1930 год Horace Carter го измислува Jiffon отвор на бодињата за вратот кој се проширува за да може бебето да се чувствува удобно додека го облекуваат.

Во 1949 год Carter’s го претставува првиот моден цветен принт на колекцијата Layette .Претходно бебешката облека била типично во плава или розева боја.

Во 1955 год Carter’s ја претставува колекцијата “Safety Step”. Едноделни пижами со гумирани стапала ,кои помагаат да се спречи лизгање.

Во 2009 год Carter’s организира програма под име : “1 Million Good Nights Pajama Program” со цел да им се обезбедат книги и пижами на децата кои имаат потреба.

Во 2013 год Carter’s ја лансира линијата за обувки “Every Step” со голем избор на обувки.

Во 2015 год Carter’s слави 150 години постоење , ново малечко се раѓа на секои 8 секунди. Најдоброто од Carter’s доаѓа допрва.

Во следните денови ви подготвуваме уште слатки информации за Carter’s. Следете не да дознаете повеќе!
