Овие денови во фокус го имаме 13тиот по ред учесник во нашиот проект #БрендНаНеделата. Carter’s има долга и богата историја на брендот со која ве запознавме во минатиот пост. Дополнително несомнено е дека секој дизајн е инспириран од радоста и љубовта која децата ја носат во нашите животи. Се слави детството преку внимателен дизајн и квалитет на материјалите ,тоа нуди и удобни шопинг опции.
Можете да бидете сигурни дека Carter’s се грижи за многу детали, така што слободно можете да се фокусирате на она што навистина е важно: Уживање со вашето малечко.

За денес имаме неколку интересни факти кои ќе ви ги претставиме за уште поблиску да ви го презентираме најслаткиот бренд за вашите малечки.
Carter’s во Македонија пристигна во 2012 година, а во 2013 година веќе ја отвори втората продавница. Во 2014 година пристигна и во нашиот трговски центар, а во 2015 година ја отвори четвртата продавница.
Во CAPITOL MALL постјат поточно од 02.07.2014 год. Летово славиме две години успешна соработка и дружење,учество во разни акции, попусти, ревии и актуелни случувања.

Интересен факт е тоа што имаат е-store Carter’s која може да ја посетите на www.krs.mk.
Carter’s опфаќа 3-групи на возрасти:
1. nb-24mos.-baby (бебиња до 24 месеци)
Little layette колекцијата ги содржи сите најважни работи кои ќе ви требаат во првите две години од животот на вашето новороденче.Од симпатични бодиња до мултифункционални сетови.Ако сте мајка за прв пат,бидете сигурни дека го избирате најдоброто за вашето бебе.
Нема ништо помеко од бебешката кожа,но сетовите од колекцијата се многу блиску до тоа.Слатките модели со прекрасни детали ја прават оваа колекција омилена помеѓу мајките и татковците.
[foogallery id=”2347″]2. Две до пет години – toddler;
3. Пет до 8 години – kids.
Овие две возрасни групи опфаќаат: Колекција на машки и женски сетови,маици,шорц,хеланки,фустанчиња,фармерки и неодоливи пижамчиња.
[foogallery id=”2349″]Стилски,тренди и уникатни модели кои секогаш ги издвојуваат вашите најмили од останатите, а ве очекуваат во Carter`s во нашиот трговски центар. За следниот пост веќе ви подготвуваме специјална понуда за шопинг 🙂
