Петок е ден посветен на припреми за викендот. Сите едвај чекаме да дојде и овој ден после работната недела кога конечно ќе се опуштиме и забавуваме.
Како и претходните викенди и овој ние ви нудиме одлична понуда за петочна забава за сите генерации. Насмевки, дружење, магија, сето тоа во волшебниот свет на Баскерфест.
Дојдете и вечерва заедно да ги проследиме настапите на магионичарите, кловновите и жонглерите дојдени од различни страни на светот.
Muy Moi Show
Muy Moi Show, е фамилијарно шоу, во кое публиката учествува цело време, забавно, полно со акција и хумор. Muy Moi во шоуто ќе лежи на кревет од шајки, луѓето ќе кршат блокови на неговите гради, ќе биде врзан со лудачка кошула, и ќе биде завиткан со оган. Се, со помош на најдобрите волонтери.
Foolosophy
Тие се мала група на нео-циркус забавувачи, улични изведувачи и креативни уметници, посветени на нивната цел: да стават насмевка на вашите лица!
https://www.youtube.com/watch?v=wT9ujj7OOTU
Освен овие артисти забавата ќе ја зачинат и Bitolcani.
