Почитувани, за жал дојде и крајот на шареното лудило во нашиот Трговски центар, наречено Баскерфест.
Поминавме луди, смешни и забавни моменти кои донесоа свежина и позитивност во овие топли летни денови.
Се надеваме дека ги оправдавме вашите очекувања и сте задоволни со се што припремивме за вас.
Ве очекува уште една, последна вечер со лудите Баскерџии (Master & Margarita), кои заедно со останатите артисти планирани за вечерва ќе ја отворат забавата со уште една парада. А еве уште кој се ќе настапи вечерва:
Mr. Bugiganga
Mr. Bugiganga е уличен уметнички изведувач, презентиран од страна на ликот наречен „латино љубовник“, кој ја заведува публиката со хумор и евтини трикови. Користејќи ги техниките на илузија, кловн, современа мимика, жонглирање, физичка комедија и други бесмислени комичности, овој лик ја манипулира реалноста кога игра со неговите алатки и магични апарати.
Diogo
Diogo Alvares е бразилски мастер манипулатор, кој ја нарекува Европа свој дом. Неговата изведба е тивка, со музичка позадина. Тој ја придобива публиката едноставно со неговата вештина да манипулира со карти, топки за билијард, цигари, и многу други штосни предмети. Живеејќи во Европа, тој имал можност да работи во кабареа, циркус и приватни настапи … се додека не ја нашол среќата работејќи на фестивалите за улични изведувачи.
