Сигурно видовте во нашата најава дека следна наша активност ќе биде поврзана со боењето и истакнувањето на креативната страна од нашиот карактер. Но се уште не ви откриваме за што всушност станува збор, само ќе ви дадеме хинт па можеби и ќе откриете сами што всушност ве очекува месецов во нашиот трговски центар 🙂
Накратко ќе ве запознаеме со трендот кој во последно време е се популарен и кај нас, а тоа се боенките за возрасни.
Според многу студии докажано е дека боењето може да им помогне на возрасните да се чувствуваат посмирено, посебно ако е во комбинација со тивка музика.

Во ова денешно време кога сме преокупирани со милион дневни обврски и проблеми, потребен ни е барем еден час бегство од реалноста.
Па, доколку и не сте баш љубител на медитација, јога и слични методи за опуштање, ова е вистинското решение за Вас.
Ослободете се од стресот и препуштете се на оваа терапија која ќе сакате да ја повторувате одново и одново…Ви гарантираме.
[foogallery id=”3937″]
