Ви започнаа септемвриските гужви на работа? Се е пробудено од летниот сон и сите се активирани и спремни за нови предизвици. Градот пулсира во вообичаеното темпо каде сите некаде брзаат и стресот е секаде околу нас.
Е па ние знаеме како да го застанеме времето барем за неколку минути. После напорниот ден на работа заслужувате исклучување од реалноста за кратко. Се прашувате како?! Дојдете во Juice Bar Divan во нашиот Трговски Центар и почастете се со кафе и десерт со кој се активираат сите можни сетила.
Пробајте, и ќе се уверите дека денот може да Ви биде посладок со фантастичните десерти створени само за Ваше задоволство.
[foogallery id=”3943″]
