Оваа година за прв пат го одбележуваме месецот посветен на мажите. Ноември е, и е време за Мовембер во Capitol Mall.
Ви спремивме многу забава, многу изненадувања и многу многу награди 🙂
Мовембер започнал како идеја меѓу група пријатели од Австралија, кои пред 11 години во еден неврзан разговор за ретро модата и враќањето на трендовите си поставуваат предизвик да израснат мустаќи цел месец, да најдат луѓе кои ќе го спонзорираат нивниот „потфат“ и тие средства да бидат уплатени на фондации и организации кои работат на пронаоѓање на лек за ракот на простата. Така е роден Мovember и Mo-Bro (брат мустаќлија).
Ние решивме овој месец целосно да биде насочен кон посилниот пол, акцентирајќи на одржување на нивното здравје, изглед и лајфстајл.
Затоа на сите господа кои сакаат да се приклучат кон Мовембер во Capitol Mall, им поставуваме еден предизвик, а тоа е:
Расти ги брковите и целиот процес во текот на ноември документирај го со фотографии кои ќе ги објавуваш на твојот Instagram профил со #НајБрк. На крајот на месецот за оние кои имаат најголем прогрес односно најголем брк, ќе им подготвиме специјални изненадувања! Секако правилото е да започнете целосно избричени 🙂
Во текот на целата кампања на трети кат во нашиот Трговски центар ќе имате можност да се фотографирате во фотобут со кул бркови во различни форми. Со друштво, со девојката/дечкото или пак сами, дојдете и направете си супер фотки. Сите фотографии ќе бидат објавени на нашиот FB профил, а со тоа влегувате во наградни игри кои ќе се случуваат на неделно ниво.
Порасни брк, ем е секси, ем е корисно 🙂
Мовембер во Capitol Mall започнува денес!

