Месецов сите се посветуваат на мажите и тие секако се центар на вниманието во секоја смисла. Мовембер како идеја е присутен насекаде низ светот и Capitol Mall не е исклучок.
Им се обраќаме на сите припадници од машкиот пол кои поминуваат време во нашиот Трговски центар – ВИ СПРЕМИВМЕ НАВИСТИНА КУЛ ЗАБАВНА ИГРА!
На третиот кат се наоѓа Photobooth каде може да се сликате бесплатно со кул бркчиња. Со друштво, со семејство, со девојка или сам, време е за игра каде мажите го имаат централното место.
И се е тоа многу едноставно – Се сликате со брк, ние ги објавуваме сите фотографии кои се сликнати во текот на неделата, ја наоѓате Вашата слика и ја споделувате со хаштаг #НајБрк. Фотографиите кои ќе добијат најмногу лајкови ќе бидат наградени со кул подароци од нашите брендови.
Награди има за сите оние кои со својата фотографија ќе помогнат во ширење на идејата за Мовембер во Македонија. Вредносни ваучери за спортска опрема, облека, обувки, козметички производи за мажи, друштвени игри за забава со друштвото и многу многу други.
Доколку пак немате потреба од вештачки, покажете колку сте го израснале Вашиот брк и објавете слика на Instagram со хаштаг #НајБрк. Фотографиите ќе ги собираме до крај на кампањата и оние што ќе имаат најголем пораст на Мовембарскиот брк ќе биде награден за издржливоста и трудот.
Не чекај повеќе и со забава освој си супер награда.

