Мовембер се случува во нашиот Трговски центар и е полн со предизвици, забавни моменти и многу награди.
Направете си супер кул фотографии во Photobooth – от кој се наоѓа на 3кат во нашиот Трговски центар користејки ги брковите како заштитен знак на целата акција и учествувајте во наградната игра посветена на сите припадници на посилниот пол.
Сите фотографии што се направени со бркчиња и со Мовембер позадина ги прикачуваме на нашиот Fb профил. Пронајдете ја вашата и шернете ја со #НајБрк. Фотографиите што ќе бидат најлајкувани ќе добијат една од наградите обезбедени од нашите брендови.
Делот кој најмногу ве интересира се секако наградите, а токму сега и ви ги откриваме. Најлајкуваните фотографии со #НајБрк ќе добијат:
Сет производи и препарати за заштита на машката кожа на брендот Biotherm Homme Agefitnes од Еликсир, Вредносни ваучери од 1000ден од Flair, Машки фармерки од Koton, Пакети со машка козметика од DM, Машки есенски обувки од брендот Ellesse од Sport Vision, Сетови друштвени игри (пинг понг, шах и табла) од Office Plus и многу многу други.
Драги господа ве охрабруваме да ја направете најоткачената фотографија со брк во Photobooth и освојте супер награда по повод месецот посветен само на вас.
