За вториот ден од тридневната роденденска прослава на Capitol Mall, спремивме еден тон изненадувања и активности за најмалите.
Подготовка на роденденски честитки и караоке забава во игротека Kids Park (влез 80 денари за 2 часа) од 12:00 часот, натпревар во куглање во 4Bowling од 14:00 часот, спортска забава со Synergy (15:00-16:00) и спортска едукација со Академија Вардар од 16:00 часот ве очекува на вториот кат од нашиот Трговски центар.
На првиот кат ќе се забавуваме со весела зумба организирана од Orange Kids Club, ќе уживаме заедно во детската претстава “Волшебна роденденска претстава“ која е закажана од 13 часот и за крај ќе танцуваме на хитовте кои ќе бидат дел од сетовите на DJ Мац и DJ Синиша кои ќе траат од 18:00 – 21.30 часот.
Се надеваме дека сите овие активности ќе прераснат во одлични спомени од заедничкото дружење и забавување за овој трет роденден на Capitol Mall.
#Славиме3

