Дојдовме и до третиот ден од роденденската прослава на нашиот и ваш Capitol Mall. За денешниот распоред на активности ви подготвивме мал милион изненадувања, друштвени игри, креативни предизвици и одлична музика.
Денот го започнуваме со дечињата од Детската градинка “Црвенкапа“ кои ќе ни приредат супер забавна програма, од 14 часот ќе учиме англиски со помош на Училиштето за странски јазици “Хелен Дорон“, а со почеток во 15 часот, сите присутни дечиња ќе имаат можност да бидат дел од графичка работилница заедно со Сензус.
Од 17 часот ќе доделуваме награди од работилницата организирана од Office Plus на голема радост за сите големи и мали ќе украсуваме роденденски мафини со помош на Слаткарницата “Канела“.
Изненадувањето на вечерта и она кое сите го чекаме се настапите на едни од најпознатите македонски ѕвезди и супер енергични изведувачи.
Од 18 часот свој сет ќе има DJ Панчо, кој со својот веќе препознатлив hip-hop и r’n’b звук, ќе ве натера да шизате и денсате без престан, без разлика дали шопингувате по НЕВЕРОЈАТНО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ, или пак уживате со Вашето семејство во некои од активностите кои ги спремивме за вас. Откако ќе се размрдате со DJ Панчо, атмосферата ќе ја превземе фантастичниот Димитар Андоновски со кој заедно ќе пееме, дружиме и славиме.
Музичката програма е резервирана за цели 3 часа, па затоа не пропуштајте го затварањето на ова издание од #Славиме3

