На залезот на оваа година, Capitol Mall спреми одлична програма за забава на најмалите. Во соработка со брашно “Кадино“ на 24 декември (сабота) со почеток од 13:00 часот во нашиот трговски центар ќе се случува претстава – мјузикл за деца со наслов “Од зрно до леб“.
Сите дечиња кои ќе бидат присутни на овој супер забавен настан ќе се дружат со Брашко, Дедо Мраз и пекарката Марија кои преку песна и едукативни дијалози, ќе објаснат како се прави лебот и колку всушност тој е здрав за нашата исхрана.
Ова ќе биде одличен и едукативен настан за Вашето дете, па не пропуштајте го и на 24.12 во 13:00 часот бидете и вие дел од претставата за Брашко.
