Дојде време да направите планови каде ќе ја испратите старата 2016 година, односно каде ќе се журкате преку ден на 31ви декември. Ние имаме одлично место на ум кое сакаме да го споделиме со вас, а тоа е Campione Caffe.
Тие за своите посетители организираа супер кул ретро пладневна забава. На 31.12 од 13 часот бидете дел од предновогодишното лудило, па понесете ја целата ваша позитивна енергија и денс потези за сите хитови на Драган Б. Костич и Пурпурен Цепелин.
Резервирајте го Вашето место навреме и подгответе се за незаборавно испраќање на оваа година.
