Оваа сабота, со почеток од 14 часот, на првиот кат во нашиот трговски центар, училиштето за странски јазици и превод Access организира супер новогодишна програма за деца.
Ученици од предучилишна возраст ќе изведат новогодишен танц на песната “Rocking around the Christmas Tree“, а по нив со пеење и танцување, ученици од училишна возраст ќе ни раскажат новогодишна приказна на англиски, германски и француски јазик.
Денот ќе го завршиме со работилница каде учениците од училиштето ќе можат да ги подучуваат посетителите преку изработка на честитки на англиски, германски и француски јазик.
