Елена Ристеска, заштитното лице на Кроациа Осигурување – Живот АД. Скопје ги поканува сите свои обожаватели на предновогодишно дружење во Капитол Мол на 25ти декември од 13 часот.
Елена ќе ги израдува сите свои обожаватели со моменти за непосреден контакт, фотографирање, делење автограми, како и делење на CROATIA подароци.
Токму затоа, во нашиот трговски центар ќе биде присутен и тимот на Кроациа Осигурување – Живот кој ќе биде тука да ги запознае присутните со бенефициите на најмудрата животна одлука – склучувањето на животно осигурување.
Најмалите ќе можат да уживаат во креативното катче каде ќе можат да ги изразат своите творечки афинитети. Творбите ќе бидат објавени на Facebook страницата на Croatia осигурување / живот, а онаа со најмногу лајкови ќе биде наградена.

