Овој викенд (28.09) со почеток од 17 часот, на првиот кат во Капитол мол, членовите на студијата „Брејк а лег“, „Аква денс клуб“,„Едукативен Центар Сонце“ и „Еат д беат“ ќе си ги одмерат силите во танцување, што ќе можат да го проследат сите посетителите на „Капитол мол“.
Исто така секој што ќе дојде ќе може да се запознае и со активностите на едукативниот центар „Сонце“.
Во текот на овој ден, учесниците ќе им ги претстават своите програми и можности на заинтересираните, за тие да се впуштат во откривање нов начин на разговор, преку движења и музика.
Голема благодарност до учесниците на овој втор по ред „Кажи ми со танц“
Ве очекува лудо и незаборавно танцово дружење во овие два часа.
Дали сте спремни?