Забава

Капитол плеј – најголемиот семеен забавен центар е дизајниран да го претставува најдоброто од забава за големи и мали.

На третиот кат во Капитол Мол се наоѓа една од најкомплетните игротеки, игротеката Кидс Парк, кафе бар со беспрекорна услуга, како и кугланата и билјард 4Bowling, екипирана од врвниот производител, американскиот Brunswick.

Единствен од овој вид, овој забавен центар нуди широка понуда за организација на најразлични забави, тимбилдинг, роденденски забави за различна возраст и вкусови како и пријатен и уникатен амбиент за секојдневно дружење и рекреација со најмилите.

Убаво уредениот ентериер е и одлична локација за деловни состаноци и добра работна атмосфера.